Каде што спие ветрот

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Kjer veter spi | Бр. на страни: 158 | Димензии: 21 цм | Корица: мека

Паметниот, но срамежлив Блаж, кој се обучува за спасувач во пештери, и смелата Ирена, која е ин-девојка во училиштето, заглавуваат во пештера во обид да ја поттикнат самодовербата на Блаж. „Како може Блаж да се докаже дека е мудар, храбар и самоуверен во неволја и што ќе биде со нивниот тинејџерски флерт во вакви опасни околности?“ е главното прашање околу кое се гради фабулата во оваа наградувана книга за млади на писателот и искусен спелеолог, Дамијан Шинигој.

Приказната има два тека во поглавја што се менуваат наизменично. Од една страна е обидот на спасувачките служби да го пронајдат исчезнатиот шумар, а од друга страна е авантурата на двајца тинејџери што добива непредвидлив тек. Во романот што во преден план осветлува една тинејџерска романса, на вешт начин се преплетуваат и јасни еколошки и педагошки пораки: дека пештерите и шумите се непредвидливи и опасни средини за љубопитни деца, но и дека се важни природни системи што треба да се чуваат од загадување и уништување.

Заради своите книжевни и етички вредности, „Каде што спие ветрот“ ги добива наградите: „Десетница“ за најдобро книжевно дело за млади во 2021 година во Словенија и „Златна хрушка“ (2021), а е дел и од каталогот „Вајт рејвенс“ за најдобра интернационална книжевност за деца и млади за 2021 година.

Цена: 350 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Каде што спие ветрот

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-267-625-8

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Каде што спие ветрот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in