Келтскиот самрак
„Имав желба, како и секој уметник, да создадам малечок свет од прекрасните, пријатните и значајните нешта во овој расипан и тромав свет и да го прикажам како визија дел од лицето на Ирска на сите мои луѓе кои ќе погледнат онаму каде што ќе им повелам.“
Вака започнува Келтскиот самрак на В.Б. Јејтс, големиот вљубеник во мистичното и натприродното, кој талка по руралните делови на Ирска во потрага по народни преданија. Приказните кои ги запишал во Келтскиот самрак коренот го влечат од богатата ирска митолошка традиција и раскажуваат приказни за самовили, ѓаволи, селски духови, русалки и митски поети. Јејтс не е обичен запишувач на ирските народни преданија. Тој е заинтересиран за светот на окултното, верува во спиритуалниот свет, ја сфаќа суштината на ирската традиција, па дури и самиот се труди да стапи во контакт со натприродното.
2 reviews for Келтскиот самрак
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –