Ќерката на надреалистот
„Ќерката на надреалистот“ како и творештвото на Кристиина воопшто, се темели и изобилува со естонски фолклор и култура. Создавајќи еден мистичен надреален свет во оваа книга, таа со голема умешност создава дело, кое подеднакво е современо и древно, естонско, но и светско, женско, но и човечко. Во овие раскази таа пишува за врските меѓу луѓето, љубовта и бракот од перспектива на современа жена. Ликовите се главно митолошки суштества или луѓе со надреални моќи и способности да се претвораат во животни и предмети, но преку нив таа со леснотија ги изразува емоциите и чувствата на љубов, како и болката, што љубовта ја предизвикува. На особено невообичаен начин таа ги раскажува приказните почнувајќи од моментот „и си живееја среќно засекогаш“, таа пишува за тоа како понекогаш љубовта и не е доволна и како луѓето што се сакаат умеат најмногу да се повредат меѓу себе, водени пред сѐ од својот егоизам. Нејзиниот стил е лесен, на места е и особено хумористична, па дури и саркастична, без при тоа да се наруши длабочината на нејзините мисли и приказните кои имаат скоро митолошки призвук. Ова е четиво кое ќе ве замисли, но и ќе ве забавува. Се чита брзо, па е идеално четиво за современиот читател.
4 reviews for Ќерката на надреалистот
Questions and Answers
You are not logged in
Julijana Velichkovska (verified owner) –
Jovan Dimoski (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Zazaliha Ivotesk (verified owner) –