Клара и сонцето

Original title: Klara and the sun. | Num. of pages: 285 | Dimensions: 21 | Cover: тврда

Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас. Од авторот на „Никогаш не оставај ме“ и „На крајот од денот“ – прва книга на Казуо Ишигуро по добивањето на Нобеловата награда за литература, фасцинантно дело за чудесната и мистериозна природа на човековото срце. Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишигуро се нарекува ВП, вештачки пријател – човеколик робот кој родителите им го купуваат на децата за да им овозможат друштво и поддршка. Хранејќи се со сончевите зраци во излогот на продавницата, набљудувајќи ги луѓето и сѐ повеќе разбирајќи ги нивните чувства, Клара надежно чека некој да ја вдоми. Во мигот кога четиринаесетгодишната Џози решава токму Клара да биде нејзина пријателка, односот меѓу роботот и човекот добива друга димензија, а книгата станува преиспитување на емоциите. „Клара и сонцето“ е возбудлива книга со специфичен наратор, која ни овозможува од поинаков агол да проникнеме во едно од суштинските прашања на постоењето: што значи да се сака? „Нежна, но вознемирувачка приказна натопена со тага и надеж.“ Вашингтон пост „Богатиот внатрешен свет на протагонистите на Ишигуро е носител на една голема порака, исто како и тивките и остроумни преиспитувања за човечката природа приземјени со возвишената сила на Клара... Оваа книга е слоевита синтеза од жанрови што навистина маѓепсува.“ Паблишерс викли

Price: 500 ден

5 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Клара и сонцето

Categories: ,
SKU: 978-608-230-815-9

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Клара и сонцето”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in