Комо
Автор:
Срѓан Валјаревиќ
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
Komo |
Бр. на страни:
192 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
„Комо“ е меѓу најчитаните и меѓу десетте српски романи во едицијата Сто словенски романи, наградуван, меѓу кои и со француската награда Prix des lecteurs du Var за 2011 година; пет години по појавата има девет изданија на српски јазик и е преведен на француски, германски, англиски, италијански, словенечки, бугарски, албански, шпански и шведски.Приказната е автобиографска, а се однесува за писател кој добива книжевна стипендија и престој во „Вила Маранезе“ на монденското езеро Комо во Италија. Тоа е приказна со реминисценции на авторот, но и приказна за крајот на 20 век; за прогонствата, изгубените генерации, желбите, можностите, пороците, судбините... Оценет е како остар и ироничен, непосреден и интересен роман.„'Комо' е роман во кој раскажувањето тече лесно и во кој во фабуларна смисла не се случува многу – еден писател кој моментално не пишува се нашол во средина која не е негова, во идиличен крај толку различен од Белград од каде што стигнал, тука сретнува некои луѓе, пие, шета во природа, планинари, конверзира колку што е потребно, и тоа е главно сè. Но тој минимализам со кој се опишува секојдневјето, ноншалантноста со која патем се допираат разни теми и меѓучовечки односи, навистина се ретко успешни до таа мера што читателот не го оставаат на мир додека не стигне до последната страница.“ (Јагна Погачник)
Questions and Answers
You are not logged in