Компјутерџии

Publisher: Антолог | Language: Македонски | Year: 2021
Original title: / | Num. of pages: 76 | Dimensions: 14,5 х 20,5 | Cover: /

Впечатлив наслов со уште повпечатлива и актуелна содржина. Почнувајќи од првозастапениот расказ „Било…“, кој со пораката потсетува на времињата во кои на еден друг, поинаков начин, учеле и се забавувале бабите и дедовците, па и татковците и мајките на денешните деца, преку „Компјутерџии“ (текст според кој авторот ја нарекол и целава збирка), а во кој веќе се навестуваат и темите, игрите и однесувањата на децата во ова ново, модерно, интернетско и „фејсбуковско“ време, на натамошните страници од книгава следува цел наниз на прозни минијатури инспирирани од денешнината. На тој начин и во тој и таков современ стил на раскажување, однесување, комуницирање и едуцирање, читателите имаат задоволство да проследат педесетина невообичаени, оригинални, инвентивни и досега – барем не на ваков начин – воопшто нетретирани теми за книжевна „обработка“. Сето тоа, овде и сега, може да се согледа и од „Бренд-ови“, и од „Фанови на идоли“, и од „Модерен роденден“, и од „Спасоносниот дигитрон“, и од „Лап-топ и лаптоп“, и од „Цела училишна табла в џеб“… И не само од нив, и не само од неа…

Price: 200 ден

10 in stock

Compare
Sold By Антолог

Report an abuse for product Компјутерџии

Category:
SKU: 978-608-66345-2-0

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Компјутерџии”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in