Комплет новели за животните од Шен Шиси
Автор:
Шен Шиси
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Комплет новели за животните од Шен Шиси |
Бр. на страни:
732 |
Димензии:
21
|
Корица:
/
Пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси! „Непослушната мајмунка“, „Последниот слон воин“, „Крвавооката мечка“, „Волчицата невеста“ и „Горалите скокачи“ ги содржат најпопуларните и најуспешните новели на овој автор. Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Шен Шиси е роден во 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување започнал во 1980-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите приказни за животните се искрени, реалистични и трогателни. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се подеднакво популарни и кај возрасните читатели. Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци.
Questions and Answers
You are not logged in