Комплет новели за животните од Шен Шиси

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2020
Original title: Комплет новели за животните од Шен Шиси | Num. of pages: 732 | Dimensions: 21 | Cover: /

Пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси! „Непослушната мајмунка“, „Последниот слон воин“, „Крвавооката мечка“, „Волчицата невеста“ и „Горалите скокачи“ ги содржат најпопуларните и најуспешните новели на овој автор. Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Шен Шиси е роден во 1952 година, во Шангај, Кина. Со пишување започнал во 1980-тите години. Автор е на повеќе од 40 книги со приказни за деца и млади. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите приказни за животните се искрени, реалистични и трогателни. Поточно, тој го опишува суровиот и непредвидлив живот на животните и затоа неговите книги се подеднакво популарни и кај возрасните читатели. Само во Кина делата на Шен Шиси се продадени во повеќе од 60 милиони примероци.

Price: 750 ден

10 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Комплет новели за животните од Шен Шиси

Categories: ,
SKU: 123

Questions and Answers

You are not logged in