Концерт

Издавач: Топер | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Concerto | Бр. на страни: 520 | Димензии: 21 | Корица: /

Кога Катриона Друо, млада музикотерапевтка, ѝ ја исполнува последната желба на една оперска дива на умирање, да му помогне на нејзиниот син Умберто Монтеверди да си го поврати талентот за музика, знае дека се нафатила на тешка задача. Пред десет години поминала страсна ноќ со тогаш славниот композитор, ноќ што ѝ оставила неочекувани последици. Ѝ станува јасно на колкав предизвик се нафатила кога стасува на имотот на својот клиент, на блескавиот брег од езерото Комо во Италија. Со видот одземен од речиси фатална автомобилска несреќа, тој маж е арогантен, огорчен, и се спротивставува на секој нејзин напор да му помогне. Сепак, Катрина, со песна како сирена, повикува нешто во него што тој никако не може да го игнорира. Заробена во бурните интриги што се одвиваат во огромната куќа на Умберто во неокласичен стил, Катриона открива дека слепиот музичар ја привлекува исто толку силно колку порано. Како да му каже за тоа што изминативе десет години го криела од него? Набргу сфаќа дека нејзината тајна не е единствената што неспокојно се бранува под површината. Композиторот без вид го прогонуваат мрачни сили, кои, сега по вторпат, му се закануваат на животот. „Концерт“ е сензуална и романтична приказна за изгубената љубов и за простувањето, за судбината и за тешките одлуки и за една хероина решена, конечно, да ги исправи сите нешта.

Цена: 499 ден

9 на залиха

Спореди
Продавач Топер

Report an abuse for product Концерт

Категории: ,
ИСБН: 978-608-208-685-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Концерт”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in