Космикомики
Модерната космологија е многу поапстрактна во споредба со имагинацијата на старите народи: поимите како „четиридимензионален простор“, „простор-време“, „искривеноста на вселената“, му бегаат на какво и да е визуелно претставување и можат да бидат предмет на поимање исклучиво теориски или со помош на математичките пресметки. Предизвикот на Итало Калвино се состои токму во тоа од тој невидлив и речиси незамислив универзум да ги извлече и да ги пушти да избликаат приказните способни да пробудат елементарни и силни впечатоци, како митовите за настанокот на светот кај старите народи...
„Старите народи тргнуваа од митовите за да се доближат до појавите на земјата и на небото и да ги разберат; современиот писател поттикот го наоѓа во актуелната наука за да го пронајде повторно задоволството во раскажувањето и во размислувањето додека раскажува. Процесот на создавање на ’Космикомиките‘ не ист како во научната фантастика (зборувам за класичниот пристап – кој јас сепак многу го ценам – како кај Жил Верн и Х. Џ. Велс). ’Космикомиките‘ зад себе ги имаат, пред сè, Леопарди, стриповите за Попај, Семјуел Бекет, Џордано Бруно, Луис Керол, сликарството на Мата и во извесни случаи Ландолфи, Имануел Кант, Борхес, гравурите на Грандвил.“
Итало Калвино
Оценки
Сѐ уште нема оценки.