Кралицата на југот

Издавач: Просветно дело | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: La reina del sur | Бр. на страни: 471 | Димензии: 0x0 | Корица: мека

Една сиромашна Мексиканка, според играта на судбината, ќе стане успешна деловна жена во мрачниот свет на подземјето... Откако ќе биде принудена да го напушти Мексико, Тереза Мендоса бега во Шпанија, каде што ќе го запознае Сантјаго Фистер, човекот кој криумчари хашиш преку Гибралтар. Меѓутоа, партнерот на Сантјаго е уапсен, а Тереза мора да го заземе неговото место. Таа ќе зачекори во мрачниот свет на подземјето, со кое наскоро ќе завладее. Зад вештиот параван кој го сочинуваат нејзините компании, се кријат повеќемилионските бизниси на нарко-мафијата од почетокот на деведесеттите години на дваесеттиот век. Благодарение на веќе разработената мрежа на шверцување дрога преку Средоземното Море, и благодарение на своите врски, Тереза станува моќна жена, своевидна легенда, а нејзиниот прогрес во светот на нарко-мафијата, за сите претставува големо изненадување. Новинарите ја нарекле Кралицата на југот, а полицијата не може да ја докаже нејзината вмешаност во какви било илегални работи. Оваа книга спојува два континента и различни временски декади, интензивно доловувајќи ја сензуалноста, суровоста, измамата и корупцијата, а воедно, таа претставува едно од најдобрите досегашни остварувања на писателот Артуро Перез-Реверте. "Сосем поинаква авантура... Ќе ги однесе читателите не само во еден необичен свет, туку и во еден универзум лишен од секаков морал, во кој владеат единствените правила на честа и кодексите на однесување."
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 399 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Просветно Дело АД Скопје

Report an abuse for product Кралицата на југот

Категорија:
ИСБН: 5310189008762

1 оценка за Кралицата на југот

  1. Rated 5 out of 5

    Tanja D (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in