Кратка проза

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Proza scurta / Dumitru Tsepeneag | Бр. на страни: 648 | Димензии: 140х200 | Корица: /

Думитру Цепенеаг (роден 1937 година) е романски романописец, раскажувач и есеист и се смета за еден од најважните повоени прозаисти во Романија.

„Кратка проза“ ги содржи сите раскази на Думитру Цепенеаг, кои покриваат повеќе од половина век од книжевна активност. Томот вклучува три збирки раскази кои Цепенеаг ги објавил во Романија пред да му биде одземено државјанството со декрет потпишан од диктаторот Николае Чаушеску, а што го принудило да појде во егзил и да се насели во Франција: „Вежби“ (1966), содржи осумнаесет раскази; „Студенило“ (1967), содржи деветнаесет раскази; и „Чекање“ (1971) содржи десет раскази. Исто така е вклучена и „Драматизација и други текстови“ (1992), книга објавена по падот на комунизмот, кога авторот можел повторно да се врати во романскиот книжевен живот по прекин од дваесет години, и содржи седум претходно необјавени раскази, од 1959 до 1969 година, како и новелата од насловот. Остатокот од „Кратка проза“ содржи четириесет и еден текст: раскази објавувани по списанија во Романија пред авторот да биде забранет и да замине во егзил; претходно необјавувани текстови, пишувани и во Романија и во Франција; рани верзии на романи пишувани во егзил, вклучувајќи го и „Залудна е уметноста на фугата“.

Расказите на Цепенеаг ни нудат клуч за сите негови подоцнежни романи: ги воведуваат темите, човечките и животинските ликови, па дури и пасуси проза кој онирички се повторуваат од едно дело во друго, изградувајќи го заедно она што авторот го нарекува „музичка конструкција“ на неговото дело.

Цена: 700 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Кратка проза

Категории: , ,
ИСБН: 978-608-223-657-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Кратка проза”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in