Крвава месечина
Автор:
Kaтерина Шошко
Издавач:
Слово Љубве - Букви Букс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Крвава месечина |
Бр. на страни:
405 |
Димензии:
А5
|
Корица:
/
Романот Крвава месечина ги спојува не толку популарните жанрови кај нас, крими-романот и психолошкиот трилер, но така што тие не се наметнуваат како негова главна карактеристика, туку можеби се јавуваат како потпрашање или контекст во приказната за Луна и за нејзината одмазда. Меѓутоа, во многуте други приказни што ќе се следат во Крвава месечина, во испреплетените и понекогаш романтичарски извонредни соодноси на ликовите, ќе стапнеме малку во политичките перипетии, ќе ги видиме заразноста на семејната драма, намамувачките игри на романтичната драма, средношколската драма, и комплексноста на семејното насилство.
Освен за животот на Луна од една страна, Крвава месечина раскажува и за една група ликови врзани со неа преку нејзиниот отсутен татко. Ликот на таткото, пак, кој најпрвин изостанува, потоа на голема врата ќе се појави пред читателите, за во еден миг на извесен начин сосема да завладее со целата приказна на многу нивоа и така навидум да добие еднакво главна улога како и Луна. Во овој живоизграден лик ќе препознаеме многу од тираните што секојдневно метафорично ни ја цицаат крвта. Политичарите, шефовите, сите оние толку зборувани привилегирани богати белци, обвиени во онолку харизма колку што е доволно да се покријат суштинската суровост и нечовечност што се кријат во ножот фино затскриен во дланката што ја држат зад својот грб.
Пишуван во нехронолошки редослед, на јазик напати книжевен, но напати дури и уличен, овој роман поделен во 57 глави, чија фабула се одвива пред сè во измислениот град Андрин, во поширока смисла, се занимава со доброто и злото, меѓутоа не само како спротивставени сили во постојана борба, туку повеќе како испреплетени начела чии граници не се секогаш толку јасно поставени колку што понекогаш мислиме дека се.

5 оценки за Крвава месечина
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –