Кујунџилаци
Под овој ист наслов, Александар Кујунџиски уште од неговите студентски денови објавувал „романи во една реченица“, затоа што - како што не само еднаш нагласил тој - „имал многу за кажување, затоа пишувал кратко, концизно и лапидарно“.
Афоризми - зборовни филиграни. Можеби метаморфозни oблици и реинкарнирани изблици
и рефлексии на уметничката традиција, наследена од неговите предци, кои биле кујунџии по професија?!
Ќе цитираме само еден од низата сиџирчиња со златни алкички, депонирани во оваа обемна збирка: „Ако не ги покажеш забите - ќе те изедат!“
Покажете ги и вие, но, овојпат - низ насмевки!
1 оценка за Кујунџилаци
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –