Лајка

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Laika | Num. of pages: 305 | Dimensions: 210x140 | Cover: /

   Во романот се раскажува приказна за последните моменти на комунизмот во еден санаториум, додека пред очите на пациентите се одвива Револуцијата. До самиот крај на тоталитарниот период во Романија, менталната болница во Глод служи како скривалиште за поранешни комунистички мачители и активисти повлечени од системот, заедно со пациенти со широка палета на болести, меѓу кои и со лажни заболувања.      Кучето Лајка е галениче на докторите и (заедно со други животни) помага во терапијата на пациентите. Истренирано е да јаде само руска и кинеска храна, станува идол на работничката класа, идеален за претставување пред диктаторот...      Романот е духовита и хумористична сатира за комунистичка Романија. Романскиот литературен критичар Разван Вонку за книгата вели: „Адријан Алуј Георге во романот Лајкасоздава една фикција која е поавтентична од самата реалност. Истовремено, ни дава лекција колку тенка беше, во нашата неодамнешна историја, линијата за демаркација меѓу нормалното и апсурдното“.      Романот е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2015 година на Сојузот на писателите на Романија.
Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings

Price: 250 ден

6 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Лајка

Category:
SKU: 978-608-252-053-7

Questions and Answers

You are not logged in