Ланзароте

Original title: Lanzarote | Num. of pages: 124 | Dimensions: 140х205 | Cover: /

Краткиот роман Ланзароте на водечкиот современ француски писател Мишел Уелбек е исклучително моќно дело, напишано во познатиот остар и шокантен стил на авторот. Познавачите на неговото дело ќе забележат дека оваа новела е основата за популарниот роман Можноста на еден остров, но таа секако може да се чита како автономно дело и како успешен литерарен експеримент на контроверзниот Уелбек.

Ланзароте е колоритен, динамичен и шокантен краток роман кој прави пародија на жанрот авантуристички роман и се обидува да ја долови бесмислата на нашето апокалиптично време. Дејството се случува на шпанскиот остров Ланзароте, позната туристичка локација каде што главните ликови се впуштаат во низа авантури, за да се соочат конечно со една чудна религиска секта која верува во крајот на светот. Без оглед на тоа дали ќе го наречеме сатира или своевиден опозит на „новата морална авангарда“, Ланзароте е одличен пример за невообичаените ставови на Уелбек во врска со проблемите кои ја опседнуваат епохата во која живееме.

Освен краткиот роман Ланзароте, оваа книга е збогатена и со неколку брилијантни раскази на Уелбек, во кои тој се занимава со темите што постојано го окупираат неговото дело, како што се книжевноста, сексот, смислата на животот, смртта и длабочината на отуѓувањето на современиот човек од неговата околина.

Price: 280 ден

3 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Ланзароте

Category:
SKU: 978-608-230-441-0

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Ланзароте”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in