Лорд Морд
Автор:
Милош Урбан
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Lord Mord |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
При крајот на XIX век во Прага пламти конфликтот меѓу Чесите и Германците, се модернизира еврејскиот дел од градот, глодан од глувци, туберкулоза и други епидемии. На грофот Арцо, наречен Лорд Морд, му пречи што омилениот дел од метрополата му исчезнува пред очи и решава да спаси барем еден објект на тој начин што ќе го купи и ќе одбие да се исели. Прашката администрација му испраќа свои луѓе, првин со добро, а потоа и со лошо. Во меѓувреме почнуваат да се случуваат убиства на проститутки. Дел од луѓето сметаат дека ноќе шета еврејското чудовиште, монструмот без лице, наречен Мевце, или Клајнфлајш. Други сметаат дека поврзаноста меѓу злосторствата е нешто што треба дополнително да се истражува. Иако е човек со принципи, грофот Арцо посетува бордели, пиејќи апсинт и мислејќи дека така ќе најде лек за своето влошено здравје. Кога неговата љубовница е пронајдена мртва, тој е вовлечен во настани што го оддалечуваат од боемската идила.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.