Made in Slovenia

Publisher: Магор | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Made in Slovenia | Num. of pages: 202 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Made in Slovenia е едно од најзначајните дела Алеш Чар. Книгата е составена од педесет куси прози обединети во една рамковна целина. Постапката е мошне интересна и необична:  авторот зема куси, сочни и необични извадоци објавени во дневни весници и потоа ги искористува како почетна точка за своите раскази. Како што кажува и самиот наслов, Made in Slovenia e еден вид калеидоскопски портрет на современиот и урбан живот во Словенија. Тонот на расказите е различен, но книгата може да се чита како студена аналитичка студија на општествените и духовни неуспеси на словенечкото општество. Покрај стилското студенило и речиси филмската непристрасност при раскажувањето, сепак авторот покажува огромно чувство за емпатија и разбирање за човечките слабости на неговите ликови.  Јазикот и описите се крајно економични, а Чар на мајсторски начин со само неколку реченици ја доловува не само амбивалентноста на ликовите, туку и целата сложеност и противречност на современиот живот. На тој начин успева да напише книга со еден вид двојна експозиција, во која како во некој вид искривено огледало се одразуваат личните и општествените перспективи, постојано проникнувајќи се.

Price: 150 ден

5 in stock

Compare
Sold By Магор

Report an abuse for product Made in Slovenia

Category:
SKU: 978-608-223-271-3

Questions and Answers

You are not logged in