Магичниот папагал
Author:
Ге Бинг
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2018
Original title:
Најдобрата кинеска литература за деца - антологија |
Num. of pages:
238 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Ге Бинг (роден во 1945 година во провинцијата Лиаонинг) во литературата за деца влегува во 1983 година и објавува повеќе од 100 дела со вкупно 10 милиони кинески знаци. Добитник е на неколку високи книжевни наградаи. Неговите најрепрезентативни дела, меѓу кои „Синиот Глушец и Мачорот Големо Лице“, „Малечкиот Заблуден Бог“ и „Малечкиот дух Сивото Гравче“, се адаптирани во цртани серии од страна на Кинеската централна телевизија и повеќепати ги освоиле наградите „Златен орел“ и „Златно момче“. Пишува и романи, но најпопуларен жанр во неговото творештво се бајките. Овој авторски избор содржи 16 бајки. Бајките имаат необични, носталгични, дури и тажни приказни. Во пишувањето на бајките авторот го користи пристапот на пишување романи, плетејќи ја приказната и ја нагласуваа читливоста, како на пример прекрасно опкружување, чудни и сложени дејства, додавање драма за одржување и збогатување на имагинацијата, како и изразеното користење духовит јазик. За него добрата книга за деца треба да има добра приказна, но уште поважно е да има добри и привлечни ликови, посветувајќи им посебно внимание на градењето на ликовите. Ликовите од неговите дела се многу популарни кај кинеските читатели, пред сè затоа што тие се сретнуваат и во цртани филмови и филмски серии за деца, па се сретнуваат дури и како имиња на производи за деца или на објекти.
Reviews
There are no reviews yet.