Македоника 17

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2017
Original title: Македоника 17 | Num. of pages: 100 | Dimensions: 240х170 | Cover: /

Во бројот 17, меѓу другото, се објавени два мемоарски текста – едниот е извадок од спомените на Георги Баждаров (досега необјавени во Македонија), а другиот е текстот на Германецот Ханс Ерке „Македонија во доживувањата на германскиот војник“, кој всушност е негово сеќавање за Македонија во која престојувал како војник во текот на Првата светска војна. Невен Радически пишува за странската пропаганда во Македонија во педесеттите години на минатиот век, а Драган Зајковски за карактеристиките на византиското религиско мисионерство во периодот од 9 до 11 век. Димитар Љоровски Вамваковски пишува за андартското движење во југозападна Македонија во 1906 година, а се публикувани и документи за масакрите на грчките андартски чети во Македонија во тој период. Александар Трајановски пишува за Иван Наумов – Алабакот, ослободителот на Крушево за време на Илинденското образование, Владимир Јанев за занаетчиската дејност ан Евреите во Македонија во 18 и 19 век, а од Александар Симоновски е објавена статија за апсењето на Миливоје Трбиќ во 1947 година. И во овој број е објавен литературен прилог од странски автор тематски посветен на Македонија – песна од Рафаел Алберти. На крајот се објавен и осврти на Александар Трајановски и Васил Дрвошанов за македонистички трудови, како и информации за новообјавени трудови поврзани со македонската култура и историја.

Price: 150 ден

2 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Македоника 17

Category:
SKU: ISSN 1857-7539-17

Questions and Answers

You are not logged in