Македоника 19-20

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2018
Original title: Македоника - списание | Num. of pages: 124 | Dimensions: 240х170 | Cover: мека

Во овој двоброј Ана Витанова Рингачева пишува за феноменот на шаманизмот и неговите одблесоци во македонската народна традиција, а Славчо Ковилоски пишува за Димитра или Митра Миладинова – сопругата на Димитар Миладинов. Невен Радически пишува за гледиштата на Јован Драгашевиќ за националниот карактер на населението во Македонија, додека пак Владимир Јанев за финансиската дејност на Евреите во Македонија (од средината на 19 век до 1912 година), а Димитар Љоровски Вамваковски за андартското движење во југозападна Македонија во 1907 година. Марјан Иваноски и Ставре Џиков пишуваат за Трајко Попов – водачот на тајната политичка организација `Македонско национално движење „Бунт“`, а Предраг Димитровски за затворските писма на Јован Котески. Софија Тренчовска објавува компаративна анализа за креативните рефлексии во драмските поетики на Ибзен и Вапцаров, додека пак Горан Тренчовски за можностите за адаптации во драмски медиуми од прозата на Ташко Георгиевски и Бохумил Храбал: трансмедијални одлики, сличности и релации. Архетипот на змејот во сказната за иницијациското патување на јунакот е темата на текстот на Весна Крстиќ-Андреевска, Васил Тоциновски се осврнува на последната книжевна објава на Дримколски, а Иван Доровски за прозата на Петре Наковски како сведоштво за трагичниот период на Граѓанската војна за Македонците во егејскиот дел на Македонија. И во овој број е објавен литературен прилог од странски автор тематски посветен на Македонија – песната на Ангел Думбравеану (Романија) „Македонија“. На крајот се објавен и осврти на Александар Трајановски и Васил Дрвошанов, Силвана Сидоровска-Чуповска и Ана Витанова Рингачева за македонистички трудови, како и прикази и информации за новообјавени трудови поврзани со македонската култура и историја.

Price: 150 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Македоника 19-20

Category:
SKU: 1857-7539/19-20

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Македоника 19-20”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in