Македоника бр. 2
Author:
/
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2011
Original title:
Македоника бр. 2 |
Num. of pages:
170 |
Dimensions:
240х165
|
Cover:
/
Во вториот број се објавени статии од Симона Груевска – Маџоска (која пишува за идентитетот, границите и македонскиот јазик), Зоран Спасовски (за историскиот контекст на создавањето на кирилицата), Горан Калоѓера (сличностите меѓу македонската и хрватската преродба), Васил Тоциновски (хрватскиот илиризам и Македонија), Науме Радически (за 150-годишнината од објавувањето на Зборникот на Миладиновци), Волф Ошлис за германскиот “придонес кон рецепцијата на зборникот на Миладиновци), Блаже Миневски (за сведоштва на Димитрија Миладинов и за документи од 17 век на Ватикан за Македонија), Васил Дрвошанов (јазикот на Гораните), Јан Рихлик (Македонија во стариот век), Невен Радически (инвазијата на Чехословачка во 1968 и Македонија), Нешка Николова (култот кон Големата Мајка во митологијата во светот и во Македонија), потоа се објавени извадоци од мемоарската книга на Тахсин Узер, турски политичар од крајот на 19 и почетокот на 20 век со наслов „Таксин беј ја објаснува Македонија“, прозни записи од Владимир Костов и Нове Младеновски, како и избор поезија насловен со „Песни од затворот“ од Јован Котески. И во овој број е објавена рубриката со библиографски описи на изданија посветени на македонски теми.
Questions and Answers
You are not logged in