Марсовата соба

Publisher: Топер | Language: Македонски | Year: 2019
Original title: The Mars room | Num. of pages: 320 | Dimensions: 21 см | Cover: мека

Роми Хол, самохрана мајка на петгодишен син, вработена во ноќни клубови и некогашна зависничка од дрога, извршила навидум непростливо, необјасниво убиство за кое е казнета според законот. Сега е на почеток на издржувањето на две доживотни казни едноподруго. Надвор е светот од кој е отсечена: Сан Франциско на нејзината младост и нејзиното семејство. Внатре е новата реалност: илјадници жени што се грабаат за неопходните работи за преживување, блефирање и глума, покрај насилството, кое е еднакво и меѓу стражарите и меѓу затворениците; апсурдноста на затвореничкиот живот. Затворот добива неспоредливо пошироко значење додека го гледаме животот на Роми: луѓето се ограничени и се однапред осудени на своите расни гета, на своите сексуални определби, на својата сиромаштија, на својата необразованост, на секој недостиг од помош, која би морала да им ја даде заедницата, на сопствената тесноградост. И додека романот нѐ обзема со својот гнев, чувствата и безнадежноста, неговата прецизна, храбра и трагична, динамична, а, сепак, прекрасно рафинирана приказна проткаена со блескава смисла за хумор и со бујна и разиграна живост, до самиот крај не нѐ испушта од раце.

Price: 270 ден

9 in stock

Compare
Sold By Топер

Report an abuse for product Марсовата соба

Category:
SKU: 978-608-208-603-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Марсовата соба”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in