Матис
Author:
Александар Иличевски
Publisher:
Македоника |
Language:
Македонски |
Year:
2017
Original title:
Матисс |
Num. of pages:
302 |
Dimensions:
200х140
|
Cover:
/
Награда „Руски Букер“ за 2007 година Роман со густа симболика и величествени слики; со поетичен јазик, необични метафори и смели ликови.Главниот херој – физичарот Королјев, преживувајќи криза на идентитетот, решава да го промени својот живот и да живее како бездомник, со надеж дека ќе успее да се пронајде себеси, внатрешната слобода и одговорите на безбројните прашања што го измачуваат: Кој е тој? Дали е мртов или жив? Која е неговата татковина? Соништата се менуваат со реалноста, мислите со сеќавањата, а со сложеното осмислување на секој поглед, звук момент, дел од минатото, Иличевски ни разоткрива еден интелектуален но флуиден лик кој плива низ реката на животот, низ панорамата на современата Русија, губејќи се во лавиринтот на сопствените желби и сопственото јас. Плива низ безумието кое царува во деведесеттите години на дваесеттиот век низ целата држава заедно со уште двајцата други бездомници – Вадја, зборлив, груб и итар и Надја молчалива, плашлива, со малку заостанат развој. Преку јасното и деталното исцртување на филозофијата на бездомничкиот живот на ова колоритно трио, на нивните едноставни но суштински меѓусебни односи, авторот нè предизвикува на размислување околу суштината на битисувањето, слободата и осаменоста...
Questions and Answers
You are not logged in