Мевлем за душата

Original title: Chicken soup for the soul | Num. of pages: 239 | Dimensions: 140х205 | Cover: /

Откријте ја повторно моќта на инспирацијата со вонвременските приказни за секојдневните чуда кои го отсликуваат она најдоброто во човечкиот дух.

Не е важно дали тукушто сте ја откриле „Мевлем за душата“ или сте долгогодишен обожавател на оваа книга, ова издание ќе ве инспирира да бидете подобра личност, да го достигнете својот најголем потенцијал, да ја поделите својата љубов и да го прифатите светот околу себе.

Поминаа речиси две децении откако Џек Кенфилд и Марк Виктор Хансен, двајца извонредни мотивациски говорници, нè израдуваа со првата збирка од нивните омилени приказни.

Денес, „Мевлем за душата“ е една од најчитаните книги која продолжува да инспирира милиони луѓе со своите приказни за надежта, триумфот и величината на човечкиот дух. Секоја од внимателно одбраните приказни, низ пример ни покажува што сè е можно во животот и го слика патот по кој треба сите да чекориме. Кога и да посакате ситуацијата да ја согледате поинаку, да го инспирирате пријателот или да го подучите детето, вистинската приказна ќе ја најдете во овој преполн ковчег кој го грее срцето и е одличен мевлем за душата.

„Ова е топла, прекрасна и инспиративна книга полна со идеи кои секој може да ги примени за да го подобри било кој сегмент од својот живот. Книга која треба да се чита, да се применува и да се чита повторно и повторно.“
Брајан Трејси

„’Мевлем за душата‘ ги инспирира читателите и им помага да запамтат дека важни нешта во животот се - љубовта и благодарноста.“
Барбара де Анџелис

Price: 400 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Мевлем за душата

Category:
SKU: 978-608-230-116-7

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Мевлем за душата”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in