Милениум во Белград
Милениум во Белград е мозаично напишан роман во кој истовремено се гради и портрет на еден град и портрет на една генерација луѓе кои живееле во него. „Белиот град“ е чудесен, иссонуван и проклет, а генерацијата која личи на него е доловена преку групата од петмина пријатели и нивните љубови.
Црпејќи од далечните историски извори, проникнат со надреализмот, авторот ги користи сите регистри за на своето дело да му вдахне дух на грандиозна епопеја.
„Чувствителен и жесток, ироничен и точен, халуцинантен и лиричен, ова е магичен портрет на Белград, градот е роден во еден сон.“
Запис од книжарницата „Le Divan“ во Париз
„…книга што го одзема здивот со својата убавина и поетски квалитети, чиј главен херој е српската престолнина.“
Le Magazine Literraire
Reviews
There are no reviews yet.