Митот за Линколн

Publisher: КУЛТУРА | Language: македонски | Year: 2018
Original title: Митот за Линколн | Num. of pages: 582 | Dimensions: 19 | Cover: /

Соединетите Американски Држави и поредокот каков што го познаваме се на пат да бидат срушени. Јунакот Котон Малоун е повторно тој што ќе го спаси денот. Бирајќи меѓу личната среќа и сигурноста и безбедноста на светскиот поредок тој се одлучува за второто. По цена да изгуби сѐ што има, по цена на љубовта и единственото вредно за кое живее тој одлучува да ги спаси САД.Дали митот е мит или вистина? Каков договор има направено Линколн со Мрмоните, а никој не знае? Граѓанска војна, Тајна заедница, Милијарди во злато, тајни карти и договори. Некој ги собира делчињата за да направи бомба која ќе ја уништи Америка како што ја знаеме во мо- ментов. Една тајна криена со векови ќе излезе како закана да сруши сѐ што знаеме како трајно спознание.Магионичарот – писателот Стив Бери и во овој роман ја задржува динамичноста и неизвесноста од почеток до крај. Овој роман сам ги врти страниците. Исполнет е со брканица од емоции на страст и страв, на љубов и срам, на чест и обесчестување. Ликовите се исправени пред невозможни одлуки, одлуки кои значат живот или смрт.

Price: 550 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Култура

Report an abuse for product Митот за Линколн

Category:
SKU: 978-9989-32-947-0

Questions and Answers

You are not logged in