На осамениот брег покрај морето

Издавач: ИЛИ-ИЛИ | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Na osami blizu mora | Бр. на страни: 383 | Димензии: 20 | Корица: /

Романот На осамениот брег покрај морето е составен од девет приказни чии главни ликови се легендарните далматински „галеби“, тие сурови ловци на женски срца и тела, еден вид заштитен знак на југословенските летувалишта во текот на седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. Сместен на островот Раб, романот ги следи судбините на неколку (анти)херои и нивните бројни „подвизи“ на горчливо-духовит начин, специфичен за делата на Зоран Фериќ. Но, покрај машките ликови, слободно може да се каже дека поважни се блескаво разработените женски ликови, локални жителки и туристки, зашто тие ги диктираат нештата и околу нив се врти сѐ. Растењето и созревањето, неуспешните љубови, фината меланхолија што провејува низ епизодите во кои ги следиме животните приказни на клучните ликови на ова дело го вовлекуваат читателот во временски не толку далечното, но со блага копнеж натопено минато. Теофил Панчиќ

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Или-Или

Report an abuse for product На осамениот брег покрај морето

Категорија:
ИСБН: 978-608-261-038-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “На осамениот брег покрај морето”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in