На работ на светот
Author:
Виолета Танчева–Златева
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
На работ на светот |
Num. of pages:
70 |
Dimensions:
21см
|
Cover:
тврда
Соочувањето со светот на чиј раб стоиме во актуелниот миг е колективно искуство и поетесата не случајно го користи множинското ние во кое се огледува секое јас, отсутно и присутно, осамено и масовно, одродено и очовечено. Тишината во песните е глаголива и во нејзиниот збор и дејство се случуваат и животот и смртта чии звуци сепнуваат и стаписуваат со сета своја егзистенцијалистичка мачнина и длабочина. Но хуманистичката порака на оваа поезија e сепак јасна: не смееме да скокнеме од работ на светот во неговата бездна туку во нашето срце, и во него да ја побараме Божјата димензија на човечкото во нас. Токму затоа, „На работ на светот“ е катарзична стихозбирка и за нас и за светот, и како сведоштво на големото искушение на човештвото што ни се случува и како негово надминување преку „пенкало и тетратка за толкување на значењата, преку Песна“. Лидија Димковска
Reviews
There are no reviews yet.