На работ на светот

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: На работ на светот | Бр. на страни: 70 | Димензии: 21см | Корица: тврда

Соочувањето со светот на чиј раб стоиме во актуелниот миг е колективно искуство и поетесата не случајно го користи множинското ние во кое се огледува секое јас, отсутно и присутно, осамено и масовно, одродено и очовечено.

Тишината во песните е глаголива и во нејзиниот збор и дејство се случуваат и животот и смртта чии звуци сепнуваат и стаписуваат со сета своја егзистенцијалистичка мачнина и длабочина.

Но хуманистичката порака на оваа поезија e сепак јасна: не смееме да скокнеме од работ на светот во неговата бездна туку во нашето срце, и во него да ја побараме Божјата димензија на човечкото во нас.

Токму затоа, „На работ на светот“ е катарзична стихозбирка и за нас и за светот, и како сведоштво на големото искушение на човештвото што ни се случува и како негово надминување преку „пенкало и тетратка за толкување на значењата, преку Песна“.

Лидија Димковска

Цена: 200 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product На работ на светот

Категории: ,
ИСБН: 9786082307701

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “На работ на светот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in