40%
Не пушете, бидете среќни
Author:
Наташа Митровска
Publisher:
Концепција |
Language:
Македонски |
Year:
2010
Original title:
/ |
Num. of pages:
168 |
Dimensions:
210х140
|
Cover:
мека
Се сакате ли себеси доволно за да престанете да пушите?
Сакате ли поквалитетен и посреќен живот?
Ако е така, тогаш ова е вистинската книга за вас! Бидејќи, како што самата авторка вели во посветата, книгата е „за сите пушачи кои доволно се сакаат себеси за да ја прочитаат и за сите оние кои доволно сакаат некој пушач за да му ја подарат“.
Во оваа книга ќе разоткриете некои свои заблуди, погрешни верувања кои ве оневозможувале во вашите желби и напори да живеете живот каков што посакувате!
Авторката, од позиција на поранешен страсен пушач и без влакна на јазикот, ве води низ познатите лавиринти на животот исполнет со чад од цигари, за да ви го покаже патот и директно да ве одведе на многу поубаво место од она на кое во моментов се наоѓате.
Во книгата „Не пушете – бидете среќни“ е претставен најновиот метод за одвикнување од пушењето, т.н. метод на репрограмирање на умот, како еден од најефикасните и најуспешни методи денес за трајно сузбивање на оваа штетна навика.
Методот е детално опишан во книгата, чекор по чекор, за да може секој пушач сам да го примени и да ги постигне посакуваните резултати. Придружете им се на милионите луѓе низ светот кои го оставиле пушењето за да можат конечно вистински да уживаат во животот!
6 reviews for Не пушете, бидете среќни
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –
Sekoja cest na avtorkata, ovaa kniga e podobra od site prethodni sto sum gi citala za otkazuvanje od pusenje, pa i od onaa sto site ja falea Najlesniot nacin da se ostavi pusenjeto, ili nesto taka. Odlicna kniga, odlicen metod. Golema blagodarnost do Natasa Mitrovska sto sum nepusac skoro 2 godini veke!
Anonymous (verified owner) –
Книгата е извонредна! Бев и на курсот на Наташа за одвикнување од пушење, што исто многу ми помогна. Резултат – непушач сум полни 8 месеци и планирам да останам! Методот е многу едноставен, и очигледно успева, испадна дека е многу полесно одошто мислев :). Ја препорачувам на сите што сакаат да се откажат, па и на оние што се мислат :). Има голема вистина во насловот на книгата.
Anonymous (verified owner) –
Anonymous (verified owner) –