Не пушете, бидете среќни

Издавач: Концепција | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 168 | Димензии: 210х140 | Корица: мека

Се сакате ли себеси доволно за да престанете да пушите?
Сакате ли поквалитетен и посреќен живот?

Ако е така, тогаш ова е вистинската книга за вас! Бидејќи, како што самата авторка вели во посветата, книгата е „за сите пушачи кои доволно се сакаат себеси за да ја прочитаат и за сите оние кои доволно сакаат некој пушач за да му ја подарат“.

Во оваа книга ќе разоткриете некои свои заблуди, погрешни верувања кои ве оневозможувале во вашите желби и напори да живеете живот каков што посакувате!

Авторката, од позиција на поранешен страсен пушач и без влакна на јазикот, ве води низ познатите лавиринти на животот исполнет со чад од цигари, за да ви го покаже патот и директно да ве одведе на многу поубаво место од она на кое во моментов се наоѓате.

Во книгата „Не пушете – бидете среќни“ е претставен најновиот метод за одвикнување од пушењето, т.н. метод на репрограмирање на умот, како еден од најефикасните и најуспешни методи денес за трајно сузбивање на оваа штетна навика.

Методот е детално опишан во книгата, чекор по чекор, за да може секој пушач сам да го примени и да ги постигне посакуваните резултати. Придружете им се на милионите луѓе низ светот кои го оставиле пушењето за да можат конечно вистински да уживаат во животот!
Рангирано 5.00 од 5 според 6 рејтинзите на корисниците
(6 оценки на корисници)

Цена: 480 ден 290 ден

17 на залиха

Спореди
Продавач Концепција

Report an abuse for product Не пушете, бидете среќни

Категорија:
ИСБН: 978-9989-57-721-5

6 оценки за Не пушете, бидете среќни

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  3. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Sekoja cest na avtorkata, ovaa kniga e podobra od site prethodni sto sum gi citala za otkazuvanje od pusenje, pa i od onaa sto site ja falea Najlesniot nacin da se ostavi pusenjeto, ili nesto taka. Odlicna kniga, odlicen metod. Golema blagodarnost do Natasa Mitrovska sto sum nepusac skoro 2 godini veke!

  4. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    Книгата е извонредна! Бев и на курсот на Наташа за одвикнување од пушење, што исто многу ми помогна. Резултат – непушач сум полни 8 месеци и планирам да останам! Методот е многу едноставен, и очигледно успева, испадна дека е многу полесно одошто мислев :). Ја препорачувам на сите што сакаат да се откажат, па и на оние што се мислат :). Има голема вистина во насловот на книгата.

  5. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  6. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in