Не вљубувај се во Роса Сантос
Author:
Нина Морено
Publisher:
Просветно дело |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Don’t date Rosa Santos |
Num. of pages:
/ |
Dimensions:
20 цм
|
Cover:
мека
Роса Сантос е проколната од морето – барем така велат луѓето. Вљубувањето во неа е лоша вест, особено ако си момче со брод.
Но Роса се чувствува повеќе затечена отколку проколната.
Затечена меѓу културите и изборите кои треба да ги направи. Меѓу нејзината abuela, почитувана исцелителка и столб на нивната заедница, и мајка ѝ, уметница која влегува и излегува од нејзиниот живот како ураган. Меѓу Порт Корал, впечатливото гратче во јужна Флорида кое го нарекуваат дом, и Куба, островот за кој нејзината abuela одбива да зборува.
Како што се прекршуваат нејзините избори за колеџ, Роса се судира – и тоа, буквално – со Алекс Акино, таинствено момче со тетоважи од океан чие семејство ја поседува марината. Со своето срце, своето семејство и својата иднина пред себе, може ли Роса да ја скрши клетвата и да си го најде своето место зад хоризонтот?
Reviews
There are no reviews yet.