Небо во капини
Автор:
Наташа Крамбергер
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Nebesa v robidah: roman v zgodbah |
Бр. на страни:
240 |
Димензии:
14 x 21 cm
|
Корица:
тврда
Наташа Крамбергер, 1983, е победник на фестивалот на млада литература „Urška 2006“, и тоа со нејзината прва книга, романот „Небо во капини“. Ова дело, со поднаслов „роман во приказни“ излезе во Љубљана во октомври 2007 година. Добитник е на Европската награда за литература и до сега е објавен на десеттина европски јазици.
Во три часот попладне во Амстердам, Јана, младата студентка од Словенија, Бери, стар италијански рибар и неговата света риба која носи среќа се на пазарот. Јана со себе носи приказна од едно село во кое растела во раните деведесетти години, во периодот кога во тоа село владее голема транзиција. Јана ѝ припаѓа на генерацијата последни пионери, но се запишува на веронаука. Нејзината лична приказна се преплетува со стварноста во Амстердам. Во овој „роман во приказни“ ги сретнуваме соседите Турци, трубадурот Џорди, шефот на месната заедница, стариот намќорест службеник во поштата, старата кинеска баба ... и Бери. Бери е роден меѓу двете светски војни, ги загубил родителите под нејасни околности, и заминал по светот. Приказните на Бери се поврзани со неговото патување во Јужна Америка и потрагата по злато, светата риба и светите реки, за перуанските старици со долги коси, за Индија и реката Меконг и за девојката во која се заљубил. Бери моментално живее во куќата-чамец во Амстердам, а неговата ќерка ја праќа внука му од Индија, која треба да почне со училиште и за која Бери треба да се грижи.
И што сега?
Кога Јана, младата студентка од Словенија, Бери, стариот италијански рибар и неговата света риба се сретнале на пазарот во Амстердам во три часот попладне, разговорот може да биде многу непредвидлив. Нивните лични приказни во овој роман се преплетуваат.
Questions and Answers
You are not logged in