Небо во оган
Небо во оган е исповед од утробата, од најтесните сводови на душата и телото за книжевно-боемските патешествија и превирања на младиот португалски писател. Раскази за невозможното, за езотеричното, за еротското, за заумното, за болните дијалози со сопството, опсесиите и менталните тегоби на творецот кој ја живее својата уметност во секој миг на своето постоење. Збирката раскази Небо во оган нуди опоен лет и вознес во лукавите интриги на халуциногеното и номадското; химери и кобни копнежи, јадови и болна плот се само дел од сложената низа богати и сензуални емоции што ни ги доловува Марио де Са-Карнеирo, врежувајќи мигови на непокорлива и несоборлива книжевна авантура.
Плени екстремната искреност, доблеста и честа со кои авторот ги пренесува и преведува своите екстремни душевни патувања и чувства. Книгата е посветена на Фернандо Песоа, напишана е во 1915, делумно за време на егзилот во Париз делумно во Лисабон; составена е од девет фантастични раскази и во секој од нив ликовите ја одбиваат неподносливата досада на постоењето и посегнуваат по необични и химерични состојби на духот и постоењето.
1 оценка за Небо во оган
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –