Небо во оган

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 283 | Димензии: 180x110 | Корица: /

Небо во оган е исповед од утробата, од најтесните сводови на душата и телото за книжевно-боемските патешествија и превирања на младиот португалски писател. Раскази за невозможното, за езотеричното, за еротското, за заумното, за болните дијалози со сопството, опсесиите и менталните тегоби на творецот кој ја живее својата уметност во секој миг на своето постоење. Збирката раскази Небо во оган нуди опоен лет и вознес во лукавите интриги на халуциногеното и номадското; химери и кобни копнежи, јадови и болна плот се само дел од сложената низа богати и сензуални емоции што ни ги доловува Марио де Са-Карнеирo, врежувајќи мигови на непокорлива и несоборлива книжевна авантура.

Плени екстремната искреност, доблеста и честа со кои авторот ги пренесува и преведува своите екстремни душевни патувања и чувства. Книгата е посветена на Фернандо Песоа, напишана е во 1915, делумно за време на егзилот во Париз делумно во Лисабон; составена е од девет фантастични раскази и во секој од нив ликовите ја одбиваат неподносливата досада на постоењето и посегнуваат по необични и химерични состојби на духот и постоењето.

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Небо во оган

Категорија:
ИСБН: 978-608-4718-40-6

1 оценка за Небо во оган

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in