Ненасловена месечева соната
Author:
Давор Стојановски
Publisher:
ИЛИ-ИЛИ |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
Ненасловена месечева соната |
Num. of pages:
393 |
Dimensions:
13 x 20 cm
|
Cover:
/
Сместен во Австрија на почетокот од XIX век, романот „Ненасловена месечева соната“ ни ја открива необичната судбина за создавањето на едно од најпрепознатливите Бетовенови ремек-дела, во текот на неуспешните медицински третмани, кои композиторот ги посетува во Хајлигенштад поради оштетениот слух.
Западнат во мизантропија, ексцентричност и лудило, Бетовен се сеќава на своите интимни средби со мажената благородничка Антонија Брентано и со 17-годишната ученичка, грофицата Џулиета Гвичарди. Првата го добива епитетот „Бесмртна љубена“ во неговите писма, а втората ја добива посветата во неговата безвремена соната. Токму сеќавањето на овие две жени го спасува Бетовен од претсамоубиствената депресија, иако од една од нив се заразува од сифилис, што е и причината поради која го губи слухот.
Дискурсот на авторот се колеба по граница на лесна порнографија и висока уметност, но највпечатливиот раскош на пишаниот збор го забележуваме токму во натуралистичката дескрипција на перверзните игри на композиторот со неверната благородничка и со малолетната пијанистка.
Отворете ги страниците на овој провокативен, смел и непретенциозен роман, откријте го виновникот за оглувувањето на Бетовен и дознајте ја возбудливата разрешница на двете негови љубовници, кои случајно се сретнуваат на еден предбожиќен бал, во снежна декемвриска ноќ, спорејќи што е позначајно: да добиеш епитет на бесмртна љубена во писмата на еден од најславните уметници, или да добиеш посвета од него под насловот на неговата најславна композиција.
1 review for Ненасловена месечева соната
Questions and Answers
You are not logged in
Јоназ Јунковски (verified owner) –