Непобедливата седумка

Original title: Steiner aneb Co jsme dělali | Num. of pages: 193 | Dimensions: 20X13 | Cover: /

Оваа книга се чита онака како што самиот автор, преку зборовите на нараторот, го опишува качувањето по карпи. Те привлекува првата приказна, па се зачитуваш. Тогаш сѐ уште мислиш дека можеш да ја оставиш книгава кога и да посакаш. Продолжуваш, па во следниот миг кога „ќе погледнеш удолу, веќе не можеш да се вратиш“, не можеш да ја оставиш. Потоа „пред очи ти е само еден дел од карпата“ (приказната), „тоа делче го туркаш под себе“ и „тоа е најсигурниот начин за да не добиеш вртоглавица од висината над тебе или од длабочината под тебе“. И на крајот „пред очите ќе ти се појави небесната шир“. Мартин Фарнер (1964) е чешки писател и драматург. Студирал бохемистика на Педагошкиот факултет во Усти на Лаба и драматургија на Факултетот за драмски уметности. Автор е на четири книги. Син е на поранешниот фудбалер Рудолф Фарнер. Таткото фудбалер, запишувањето на педагошкиот факултет и драматургијата станале дел од романот „Непобедливата седумка“.

Price: 330 ден

100 in stock

Compare
Sold By Издавачка Куќа Муза

Report an abuse for product Непобедливата седумка

Categories: , , ,
SKU: 978-608-4906-00-1

Questions and Answers

You are not logged in