Нештата за кои дојде време
Автор:
Петра Соукупова
Издавач:
СлавиКа либриС |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Věci, na které nastal čas |
Бр. на страни:
329 |
Димензии:
14x20,5
|
Корица:
/
Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме. Алице и Рихард, седумнаесет години заеднички живот, две деца, Каја и Лола. Каја има тринаесет години и родителите почнуваат да го нервираат, Лола ќе има единаесет и најмногу од сè сака да има куче. Никому не му се случува нешто посебно, стереотипот длабоко им се всадил во секојдневието. Веројатно тоа не е среќа, но може и така да се живее. Сè до мигот кога ќе се појави некој нов. А, со него и чувството дека она до сега не било љубов. Но, семејство се и она што ќе му се случи на еден од нив, тоа влијае и врз останатите. А, Каја и Лола одеднаш треба да се справуваат со нешта кои децата никогаш не сакаат да им се случат. Дали вреди да се зачува ова семејство?
Questions and Answers
You are not logged in