Нешто напишано

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Qualcosa di scritto | Бр. на страни: 304 | Димензии: 20 | Корица: /

Дејството на романот Нешто напишано се случува во Рим, на почетокот од деведесеттите години на минатиот век. Млад писател, инкарнација на самиот автор, се вработува во Фондот Пјер Паоло Пазолини, каде што се запознава со раководителката на фондот, Лаура Бети, конфликтна постара жена опседната со тоа да ги навредува и понижува своите вработени. Приказната на младиот и циничен наратор се меша со приказната за делото на Пазолини, особено за неговата недовршена книга Петролеј. Во книгата умешно се комбинираат фикцијата, документарното истражување и мемоарската проза.

Нешто напишано е роман за сладокусци во литературата. Во неа авторот во еден миг со исклучителна лежерност расправа за развојот на книжевноста низ вековите, за веќе на следната страница да се најде низ римските улици, претворен во внимателен шетач чии описи на просторите одат далеку отаде сетилното, итно устремени кон поттикнување емоција. Треви шармантно и со иста леснотија знае во текстот да внесе и споредба со лик од цртан филм и цитат од Аристотел, сето тоа зачинувајќи го со лични ставови кои изразуваат сè само не банални идеи.

Романот успешно ја истражува улогата на литературата и уметноста како средства за уништување на воспоставените општествени клишеа. Особено се интриганти пасажите во кои се тематизира прашањето за насилството и сексуалноста во творештвото на Пазолини и, воопшто, во современата култура.   

Нешто напишано е добитник на Европската награда за литература за 2012 година.  

Цена: 315 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Нешто напишано

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-447-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Нешто напишано”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in