Невидливите
Автор:
Рој Јакобсен
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
De Usynlige / Roy Jacobsen |
Бр. на страни:
224 |
Димензии:
14×20 cm
|
Корица:
мека
На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.
Невидливите е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.
Questions and Answers
You are not logged in