НОЌ и ДЕН
Author:
Вирџинија ВУЛФ
Publisher:
Нампрес |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
НОЌ и ДЕН |
Num. of pages:
470 |
Dimensions:
132х195
|
Cover:
мека
/Вирџинија Вулф (1882-1941) се смета за водечки автор на 20-тиот век, голем романсиер и есеист и клучна фигура во историјата на литературата како феминист и модернист. Нејзиниот втор роман „Ноќ и ден“ (1919) е истовремено љубовна приказна и општествена комедија, која ги истражува границите помеѓу личната слобода и барањата на љубовта. Кое е значењето на љубовта во животот на еден човек? Дали е потребна за човек да биде среќен? Кетрин Хилбери е убава и привилегирана, но не е сигурна за својата иднина. Таа мора да одлучи помеѓу свршувачката со прозаичниот поет Вилијам Родни и нејзината опасна привлечност кон страстниот Ралф Денам. Вулф ја анализира британската буржоазија со нејзините специфични стереотипи и спротивставени односи помеѓу две пријателки, Кетрин и Мери. Многуте аспекти на една личност, преку нијансите на погледот, зборот, движењето, читателот ги доживува низ совршениот книжевен израз на Вирџинија Вулф.
Questions and Answers
You are not logged in