НОВИНАРИ И РЕПОРТЕРИ КАКО ШПИОНИ – ТОМ 2
Насловот „НОВИНАРИ И РЕПОРТЕРИ КАКО ШПИОНИ“ од авторот професор Иван Бабановски, на 860 страници со 303 илустрации, ви нуди содржини од тајниот свет на политиката и владеењето со луѓето, што секогаш го интригирало обичниот човек и неговото опкружување.
Шпионажа како најстар занает и врските на најистакнатите имиња во журналистиката, но и медиумските магнати, исто така се детектирани на страниците од книгата.
Ќе ги осознаете и откриете ситните шпиончиња со македонски имиња, кои се безлични во светските политики и конспирации. Македонски аматери во најстариот облик на војната, но и десетици шпионски организации кои го тормозат Балканот и РМ.
Западните тајни служби ЦИА, МИ-6, БНД, ДСТ-против Христијаните. Истите тие шпионски дувла со МОСАД и Муслиманско-Арапските тајни служби против муслиманите, исламистите и Арапите, во борба за енергенсите.
Балканот како Елдорадо за шпионите. Соседите ја шпионираат РМ. Македонските тајни служби ги шпионираат сопствените граѓани. Научете како ве следат и прислушкуваат и спротивставете се.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.