Оддел за рак

Original title: Раковый корпус | Num. of pages: 611 | Dimensions: 140 х 205 | Cover: тврда

АКО НЕКОЈ ЧОВЕК САКА ДА БИДЕ СРЕЌЕН – ТОГАШ ЌЕ БИДЕ СРЕЌЕН И ТАА СРЕЌА НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МУ ЈА ПОМАТИ. „Оддел за рак“ е длабока студија за современите канцерогени болести на телото и душата, и на човекот и на државата – и двете еднакво смртоносни. Величествен роман во кој е сумирано огромно количество човечки страдања и историски настани, ремек-дело на светската литература. Две години по смртта на Водачот, сите „жители“ на одделот означен со злокобниот број 13 се само дел од механизмот сè уште проникнат од сталинизмот. Дојдени од различни краишта на големата советска земја и од различни сталежи, секој од нив ја раскажува својата животна приказна – според замислата на Солженицин, „секој херој станува главен кога дејството стигнува до него“. Препуштени на безмилосната судбина,тие се осудени на немоќно одбројување на деновите што се обидуваат да го ублажат со своите зборови. Соочени со приближувањето на крајот, пациентите од одделот за рак прераснуваат во олицетворение на денешната ситуација и на стравовите на современиот човек, немоќен и беспомошен пред лицето на смртта. „Без сомневање еден од најголемите руски романсиери.“ Сандеј тајмс „По својата структура, романот неверојатно потсетува на катедрала: во него има огромни пространства, мноштво сводови и неколку димензии – белетристичка, духовна, социјална.“ Хајнрих Бел „Солженицин е една од најголемите фигури на времето, како писател, како етичар, како херој.“ Едвард Кранкшо

Price: 500 ден

4 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Оддел за рак

Category:
SKU: 978-608-230-775-6

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Оддел за рак”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in