Океј сум! Помагајте! : прирачник за несовршени жени

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: I'm absolutely fine : a manual for imperfect women | Бр. на страни: 326 | Димензии: 145/205 | Корица: тврда

Оваа книга дава свеж поглед на моќта и потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни.

Идејата потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи, ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“.

Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување.

Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.

Цена: 390 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Океј сум! Помагајте! : прирачник за несовршени жени

Категории: ,
ИСБН: 978-608-267-384-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Океј сум! Помагајте! : прирачник за несовршени жени”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in