Олгица и дедото вреден милиони

Издавач: БАТА ПРЕСС | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Olguţa şi un bunic de milioane | Бр. на страни: 300 | Димензии: 21 см | Корица: /

Романот за деца и тинејџери „Олгица и дедото вреден милиони“, првпат објавен во 2014 година, беше едно од врвните изданија на реномираната романска издавачка куќа Editura Arthur. Олгица е дванаесетгодишно девојче, како и секое друго. Во ред, не како сите други: таа е палава, дрска, секогаш е во неволја, нема многу пријатели, а нејзиното семејство е толку поделено што таа не ја препознава тетка ѝ кога ќе се појави на вратата. Не е ни чудо што на Олгица воопшто не ѝ се допаѓа кога треба да помине викенд со својата тетка која штотуку ја запознала. Згора на тоа, Константин, нејзиниот богат, строг и угледен дедо, многу сака да ја види. И тој нема да прифати никакво одбивање.

Авторот Алек Молдован е роден 1977 година во Клуж, каде и сега живее. Вљубеник е во литературата за деца, џезот и е доброволец во друштвото за заштита на животните. Завршил филозофија, превел над триесет книги и работел како книжар. После долги години повторно ја почувствувал потребата да пишува и основал свој блог. Го нарекол Жолтиот велосипед. „Олгица и дедото вреден милиони“ е неговиот прв роман.

Цена: 430 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач БАТА ПРЕСС

Report an abuse for product Олгица и дедото вреден милиони

Категории: ,
ИСБН: 978-608-253-162-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Олгица и дедото вреден милиони”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in