Ова личи на крај
Author:
Џулијан Барнс
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
The sense of an ending |
Num. of pages:
166 |
Dimensions:
140х205
|
Cover:
мека
ДОБИТНИК НА БУКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 2011 ГОДИНА
„Ова личи на крај“ е неверојатно привлечна приказна за еден средовечен маж кој се труди да се помири со минатото за кое долго одбивал да размислува – но пријателите од детството се враќаат за да се одмаздат; едниот од оној свет, а другиот ужасно сеприсутен. Антониј Вебстер е убеден дека ги оставил спомените зад себе додека макотрпно ја градел својата иднина, но со годините, бракот му се распаѓа, семејството се растура, кариерата му завршува, па разведениот пензионер старее сам. Токму тогаш, во пензионерските денови, наследува мистериозен спомен од минатото што го присилува секојдневно да размислува за сѐ што било и што не било, за нештата за кои мислел дека ги разбира. Тогаш е принуден одново да ги разгледа случките и луѓето од минатото и да размислува за својот нарав и за своето место во светот.
Ова е еден од оние романи што се читаат во еден здив, полн со запрепастувачка психолошка и емоционална длабочина и софистицираност. „Ова личи на крај“ е најновото генијално поглавје од опусот на Џулијан Барнс.
Reviews
There are no reviews yet.