Ова не се Ромео и Јулија

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Ова не се Ромео и Јулија | Бр. на страни: 60 | Димензии: 112х118 | Корица: /

Тишина. Никој не зборува. Јулија е тажна, знам, а за Ромео не можам да ви кажам. Се гледаат в очи. Веќе подолго време ги набљудувам. Не ги разбирам. Се сакаат. Знам дека се сакаат. Но зошто никој ништо не зборува? Зошто никој ништо не кажува? Сакам да помогнам, ама не знам како. Нешто се случува. Слушам зборови. Грди зборови. Гледам солзи. Ромео го повишува гласот, а Јулија не успева да го надвика. Зборуваат за крај. Не ми се верува. Па тие си заминуваат. Секој на своја страна, луѓе мои, како и да не се случило. Како и јас да не ги набљудувам цело време и навивам за нивната среќа. Јулија ја зема својата голема чанта и почнува забрзано да оди. Ромео е сè уште тука. Ја гледа и ништо не зборува. Само ја гледа. Откако Јулија ja снемува во далечината, Ромео воздивнува. Нешто се случува. Нешто необично. Солзи. Драги мои, тој плаче. Плаче како мало дете. Плаче и Јулија. Плачам и јас. Само  што  не плачеме во исто време и на исто место...

Цена: 150 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Ова не се Ромео и Јулија

Категорија:
ИСБН: 978-608-4577-30-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ова не се Ромео и Јулија”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in