Овде нема да има чуда

Publisher: ИКОНА | Language: Македонски | Year: 2013
Original title: Ovdje neće biti čuda | Num. of pages: 255 | Dimensions: 20 см | Cover: /

Пустошот, празнината, враќањето во непостоечкото, распадот и заминувањето од историјата, се само некои од големите теми коишто во својот прв роман Овде нема да има чуда ги опфаќа еден од најталентираните современи хрватски автори. Главниот јунак Бендер, е млад интелектуалец соочен со криза на идентитетот, во неименувана метропола на Запад, во којашто отседнал за време на војните на нашите простори. Тој е ескапист којшто бега не само од минатото туку и од секојдневието, преполн со сомнежи кон самиот себе. Во таквата, потполно нарушена позиција, еден ненадеен повик од татко му ќе го натера да се врати во својата татковина, во селото од каде што потекнал, во коешто по воените пустошења веќе никој не живее. Тоа враќање од урбаната антиутописка стварност во руралната пустелија, се случува не само на реалното, физичко ниво на патувањето, туку и, уште поизразено, во свеста на главниот јунак. Неговиот судир со самиот себе, со своите демони и со татко си, а и невозможноста да исчекори од судбината, го водат до сеопфатна негација на реалноста. Овде нема да има чуда е еден од оние романи коишто поставуваат вистински прашања, но притоа не даваат одговори, затоа што ги нема. Главниот јунак во ова дело на Ферчец е амблематски интелектуалец на сегашноста, тој може само да трага и во тоа трагање сосема да исчезне, затоа што последиците од војните, транзициите и современоста се толкави што на поединецот не му оставаат никаква перспектива освен целосна ништожност, којашто може да биде, но и не мора, почетна точка за создавање на новото. Сите се развревија; а потоа се случи нешто што никој не го очекуваше. Ф.М. Достоевски: Бесови …тој заеднички дом ќе се издигне над целиот град и неговите куќи со дворови и малите приватни згради ќе се запуштат, непробојно ќе ги прекрие растителниот свет, таму постепено ќе престане дишењето на закржлавените луѓе на заборавеното време. Андреј Платонов: Ископ И татко ми еднаш имаше син во кој се полагаа големи надежи. А за таквите големи надежи не е доволна мала грижа. И немојте, разочарани, да станеме трагично несреќни. Не вреди. Кнут Хамсун: По зараснатите патеки

Price: 499 ден

5 in stock

Compare
Sold By ИКОНА

Report an abuse for product Овде нема да има чуда

Categories: ,
SKU: 978-608-221-072-8

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Овде нема да има чуда”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in