Пеам јас и планината танцува
Author:
Ирене Сола
Publisher:
Издавачки центар ТРИ |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
Canto yo y la montaña baila |
Num. of pages:
214 |
Dimensions:
125/195
|
Cover:
мека
Пеам јас и планината танцува е ода за природата и за умешноста да се живее во согласност со неа. Преку гласот на авторката своите приказни ги раскажуваат не само луѓето туку и облаците и громовите, печурките, срните и мечките, планината, водите и самовилите...
Како дете на планината, момчето Хилари ги опева тие чудесни стихии во своите песни. А кога случајно ќе биде убиен од својот пријател, продолжува да живее во сеќавањата, посетувајќи ја како дух сестра си Мија...
Приказните во овој чудесен роман се преплет од реалност и фикција за опстанокот во пазувите на исцелителната планина, за осаменоста и пријателствата, за војните и убивањата, но и за убавината и добрината. Раскошна нарација што ја продолжува традицијата на големите автори на каталонската литература, со силно изразен симболичен и поетски стил.
„Фантастичен роман, во секоја смисла на зборот. Силна поетска приказна во која трагедијата и искупувањето одат рака подрака.“
Кадена сер
„Блескава и возбудлива... Потврда за раскажувачкиот талент и лирската моќ. Сола ги спојува и ги оживува историјата и легендата, реалноста и литературата.“
Ла Вангардија
Reviews
There are no reviews yet.